top of page

ЗА НАС

The PostScriptum Group

Светот денес станува се подинамично место, правејќи го Вашето време голем луксуз во однос на завршување на сите семејни, професионални, едукативни обврски. Некогаш Ви треба само бесплатен совет, за да дојдете до идеја за тема, за бизнис план, некогаш Ви треба само збор за да се мотивирате и да направите креативна презентација на Вашите идеи, со тоа да заштедите време и пари. Затоа сме тука.

 

Пост Скриптум започна со своето работење во 2012та година, со само мал број на амбициозни студенти кои имаа само една желба - да помогнат на сите студенти, претприемачи, креативци, амбициозни личности да ги завршат своите обврски навремено, експедитивно и ефективно реализирајќи ги своите едукативни, бизнис цели. Нашата поддршка за пишување, творење, преведување, креативно размислување, ги поврзува сите студенти кои имаат потреба од висококвалитетна помош од стручни, академски лица кои уживаат во својата работа секој ден. 

 

Денес, ПостСкриптум, земајќи предвид професионалноста, лојалноста и експедитивноста во своето работење, се прошири пошироко, помагајќи со својата желба за пишување, творење, креативни емпириски истражувања, на студенти од цела Европа со тоа што ја привршуваме и 7та година од Нашето успешно работење. 

 

Зошто НИЕ?

Поради тоа што сметаме дека секој треба да си дозволи туторство, поддршка, совет при извршување на своите образовни, бизнис цели, Нашите цени се енормно ниски совпаѓајќи се со сечиј стандард, имплементирајќи и флексибилни начини на исплаќање. 
ПостСкриптум е Првиот Тим кој имаше храброст енормно да ги намали цените за стручна поддршка, кои во Македонија беа исклучително високи за Нашиот стадард. 

Нашиот стручен тим се високо едуцирани во областа во која Ви помагаат.

Избирајќи не Нас, избирате валидна, професионална, секогаш навремена услуга и поддршка за Вашата работа.  

Времето Ви е проблем да постигнете? Не за Нашите писатели, можеме да Ви помогнеме да ги завршите Вашите обврски за само еден ден! 

Доколку пак, имате доволно време и подолг краен рок за завршување на Вашите обврски, тогаш Ви ја намалуваме цената.

Дискретноста, приватноста и зачувување на авторските права на секој материјал е апсолутно гарантирано од Наша страна ! 

Ве замолуваме, секогаш користете ја Нашата страница како алатка за учење, Нашите услуги се наменети само за Вашите истражни и едукативни цели, оградувајќи се строго од секаков вид на плагијаризам и копирање на веќе изработени материјали.
Во тој случај, Вашето користење на Нашите услуги нема никогаш да се смета за мамење од страна на сите Правила и Прописи во Средните Училишта, Колеџи, Универзитети во и надвор од Македонија.  

Нашиот труд е Ваш успех!
Тимот на ПостСкриптум

Team

Ви требаат повеќе детали? 

Тука сме да Ви помогнеме и да дадеме одговор на сите Ваши прашања. 

© 2019 by The Post Scriptum Group

© Copyright

Со Задоволство креирано од  DeXign

bottom of page